Новата пратеничка група на ДУИ

by Фокус 21:05
21:05

Идните пратеници на ДУИ го искористија денешното врачување на уверенијата за пратеници од страна на Државната изборна комисија да направат групна фотографија на новата пратеничка група на партијата, доколку, се разбира, некој од нив не ја замени пратеничката со министерска или директорска функција.

Во овој мандат, пратеничката група на „интегративците“ ќе брои 19 луѓе, што е за 4 повеќе во споредба со претходно. Меѓу нив доминираат веќе добро познати ликови, кои досега извршувале функции во законодавната, извршната и во локалната власт, но се забележуваат и нови лица, непознати за пошироката јавност.

- Advertisements -

Поврзани новости