Арсовска го разреши директорот на Комунална, чиј брат пукаше

by fokus 23:50
23:50

Директорот Зуди Енузи е разрешен од позицијата вршител на должност на јавното претпријатие Комунална Хигиена, соопшти вечерва Град Скопје откако неговиот брат беше приведен поради пукање во воздух кај Скендербег, а лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски го посочи како човек кој сакал да го убие.

-Градот Скопје како град на соживот и солидарност не смее да биде центар на насилство и пресметки со огнено оружје и креирање меѓуетнички тензии меѓу нашите сограѓани. Политиката зема замав и во ниту еден случај не смее да влијае на професионалноста на водењето на институциите.

И покрај одличното и професионално менаџирање со јавното претпријатие Комунална Хигиена од страна на Зуди Енузи, сепак мојот етички кодекс не дозволува тој да продолжи да раководи со претпријатието. Затоа истиот е разрешен од позицијата вршител на должност, соопшти Град Скопје.

Поврзани новости