Демонстрантите се разотидоа

by fokus

Протестите што се одржуваат веќе петти ден по ред под мотото „Ултиматум – Не благодарам“, вечерва завршија мирно без посериозни инциденти.

Протестот кој почна пред владината зграда продолжи со марш кон Министерството за надворешни работи каде што демонстрантите овој пат положија рози пред полицијата, кои ја чуваа безбедноста на зградата на МНР.

Цвеќиња беа положени исто така и пред полициските службеници кои стоеја пред законодавниот дом, каде што немаше посериозни инциденти освен неколку петарди и димни бомби, преку кои, МВР соопшти дека се повредени двајца полицајци.

На целата ситуација и претходеше инцидент, за време на марширањето на демонстрантите од Владата до МНР, пред плоштадот „Скендербег“ на влезот на Старата скопска чаршија, се случи конфликт помеѓу нив и група луѓе за коишто се тврди дека пукале со огнено оружје, а од друга страна, претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, подоцна обвини дека било обид за негово убиство.

Групата луѓе, за коишто се тврди дека пукале со огнено оружје се разотидоа со навремената и брза интервенција на полицијата, додека од Министерството за внатрешни работи.

Освен наведените инциденти, протестот се одвиваше мирно без посериозни нарушувања, и сите демонстранти ја напуштија улицата пред Собранието на државата.

Поврзани новости