Апасиев: Не одиме во ниедна Влада, со двајца пратеници тоа би било класично „шиткање“!

by fokus

Димитар Апасиев, лидерот на „Левица“, по освојувањето на два пратенички мандати и покрај тоа што Донтоновиот изборен модел не одеше во нивен прилог, вели дека новата парламентарна партија нема да преговара за формирање на Влада со ниту една опција.

Апасиев ова го вели, одговарајќи на прашањето на „Нова Македонија“ за тоа како ќе се позиционира Левица во очигледно сложените преговори што претстојат за формирање влада.

– Нашата цел на овие избори беше Собранието, а не Владата. Целта е постигната. Нашите двајца пратеници ќе повлечат двоцифрена бројка пратеници на наредните избори, кои пак ќе бидат предвремени. Е, дури тогаш можеме да бидеме клучен фактор за таа нова влада. Сега, со двајца пратеници, доколку би оделе во која било влада само за да бидеме во власта – тоа би било класично „шиткање“. Затоа, нашите планови се подолгорочни, а не од денес за утре. Така што, во овие околности, најверојатно е дека ќе дејствуваме како парламентарна опозиција, без оглед кој би формирал влада, вели Апасиев.

Поврзани новости