Анѓушев: Алтернатива освен членство во ЕУ нема

by fokus

Алтернатива за земјите од регионот, освен членство во ЕУ, нема, а регионот мора да биде поефикасен и заедно да работиме за иднината, порача вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев од Белград каде присуствуваше на Самитот 100 – Бизнис лидери од Југоисточна Европа.

Според Анѓушев, регионот нема време за губење и мора да се отфрлат предасудите, а земјите од регионот да научат да соработуваат и да бидат партнери.

Во обраќањето на панелот „Дали регионот може да се натпреварува на глобалниот пазар, Анѓушев рече дека македонската Влада активно работи на надминување на разликите кои ги има со соседните држави и на решавање на проблемите коишто ги има со децении.

– Во поглед на мобилноста и поврзаноста, добро е тоа што во сите земји се реализираат важни инфраструктурни проекти, но доколку со квалитетни автопатишта во кои инвестираме милиони евра, заштедиме 10 проценти од времето за патување, а притоа стоката стои на граници по 12 часа, реално не сме направиле ништо. Со години се водат политички дебати како да ја унапредиме регионалната соработка, а не се реализира договореното. Тоа е така заради заштита на локалните економски интереси, што е добро на кус рок, но не носи резултати на долг рок, истакна македонскиот вицепремиер за економски прашања.

Мора да научиме да соработуваме и нашите земји не смеат да бидат конкуретни, туку мора да бидат партнери, нагласи Анѓушев.

Поврзани новости