Амди Бајрам: Јас сум за Стево расолница!

by Фокус 10:34
10:34

Пратеникот Амди Бајрам кој за себе велеше дека е бренд од рангот на „кока-кола“ вечерва, неколку часа пред изборниот молк се премисли и се ребрендираше во расолница.

Овој чекор го направил со цел уште еднаш да потенцира дека за него претседателскиот кандидат на опозицијата, Стево Пендаровски е „кисел купус“.

- Advertisements -

– Значи, пак ќе кажам. Стево толку не го бива што ја за него сум расолница, а тој е само „кисел купус“. Каков сакате да биде коа се дружи со Заев кој е отровен корнишон, цела опозиција е за туршија. Јас да му бидам противкандидат од 100 посто гласачи ќе му земам 40 проценти од 60 отсто и тоа до најмалиот промил, коментираше Бајрам и се посипа со тазе розева јува.

Изјавата на пратеникот од Шутка наиде на низа реакции во јавноста, па така истакнатиот тв-новинар Сарма преку Фејсбук му порача на Амди да не го витка во разноразни манџи, додека „од роџење“ независниот аналитичар Владимир Божиновски потенцираше дека иако опозиционерите го исмеваат Амди тој де-факто ќе им биде треба како расолница за да се отрезнат од изборниот пораз.

Во меѓувреме партискиот подмладок на Бајрам покрена иницијатива Природно-математичкиот факултет во Скопје да го носи името на Амди Бајрам.

„Ако имаме стоматолошки факултет „Професор д-р Бојо Андрески“, зошто да немаме математички факултет „Амди Бајрам“, стои во соопштението.

disclaimer

Поврзани новости