„Алиталија” е третата компанија што ги укинува летовите за Македонија

by fokus

Поради помала продажба на карти од очекуваната, италијанскиот национален превозник „Алиталија“ ги прекинува директните летови од Рим за Скопје.

Ова е трет редовен превозник што ги прекинува летовите за Скопје со зимскиот ред на летање. Пред две недели и швајцарската „Свис“ и чешката „Чех ерлајнс“ ги прекинаа линиите од Женева и од Прага.

„Алиталија” веќе ја укина продажбата на билети, а последниот лет од Рим за Скопје ќе биде по 1 декември. Компанијата не соопшти што ќе се случи со веќе купените карти за летовите по 1 декември.

Со откажувањето на оваа линија, Скопје останува поврзано со Италија преку нискобуџетната унгарска компанија „Визер“ со летови до Бергамо, близу Милано и Тревизо близу Венеција.

Поврзани новости