Млада девојка загина во тешка сообраќајка во Скопје

by fokus

Дваесет и четири годишна девојка го загуби животот по директен судар со автобус на ЈСП, во скопската населба „Гоце Делчев” .

Несреќата се случи попладнево околу 16: 30 часот, кога девојката која со автобомил „Пежо”, оидувајќи се да избегне кучиња кои и го попречиле патот, преминала на спротивната лента и директно се судрила со автобусот.

Младата девојка веднаш била пренесена во ургентниот центар во Скопје, каде пробале да ја реанимираат, но набрзо им подлегнала на повредите.

Телото на починатата девојка ќе биде преземено од службите на АД Бутел и ќе биде пренесено во судска медицина.

Поврзани новости