Ахмети излезе од владата

by lali

Вечниот лидер на ДУИ, Али Ахмети утринава ја напуштил Владата, дознава „Фокус“ од висок владин функционер.

Ахмети откако ја напуштил барокната зграда на Владата веднаш се упатил кон чаршијата за да си купи лахмаџун и ајран оти тоа му бил омилениот доручек.

Партиски извори за „Фокус“ пак информираат дека на лидерот му се смачило од лахмаџунот и заминал да си купи симит и јогуртче од старата фурна во Чаир, иако не било невозможно да отишол на кебапчиња во Дестан.

Аналитичарите коишто ги контактиравме велат дека постапките на Ахмети се разбирливи бидејќи кога често јадете еден оброк, кога-тогаш ќе ви збогтиса. Според нив созреано е времето Ахмети да премине на вегетаријанска храна со оглед на неговата возраст и тие го поддржуваат почесто да излегува од Владата на подолги прошетки покрај реката Вардар.

disclaimer1

Поврзани новости