407
Многу е извесно партијата ДПА на Мендух Тачи во скоро време да стане нов коалициски партнер во Владата, пишува „Утрински весник“, повикувајќи се на свои извори. „Утрински весник“ дознава дека деновиве се воделе интензивни преговори меѓу првите луѓе на ВМРО-ДПМНЕ и на ДПА кои финиширале со договор ДПА да добие позиции во Владата и во некои од државните институции.
Според весникот, договорот за коалицирање би можел да биде објавен веќе на почетокот на идната недела. Според она што се дознава, целта на проширувањето на владината коалиција е да се осигура стабилно двотретинско мнозинство за некои идни владини проекти.