Во 11.30 часот Заев ќе ја „пука“ десетата бомба

by Фокус 10:49
10:49

Во 11.30 часот, во седиштето на СДСМ, ќе се одржи прес конференција на која што ќе се обрати претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Се очекува Заев денеска да ја објави десеттата по ред т.н. „бомба“ , за која како што најавуваат ќе открие нови кримнални дејствувања на владата.

Оваа бомба доаѓа половина час пред собирот на ВМРО-ДПМНЕ, кој ќе се одржи во во салата „Борис Трајковски” во Скопје, каде ќе учествуваат членови од партијата, меѓу кои и премиерот Никола Груевски, а главна тема ќе бидат актуелните политички случувања во земјава.

- Advertising -

Од ВМРО ДПМНЕ велат дека организирањето на овој собир е резултат на иницијативите на неколку општински комитети на партијата.

Поврзани новости