Заев: Груевски алчно и нечесно присвојувал парцели!

by Фокус 11:50
11:50

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во моментот од седиштето на партијата ја објавува десетата бомба. Тој истакна дека граѓаните ќе слушнат за нечесноста и алчноста на Груевски за купување на градежни парцели.

Никола Груевски бил суров, бил злобен, прислушкувал илјадници разговори. А денеска ќе видите во што се вовлекувал лично тој кога била во прашање неговите интереси. Денеска ќе дознаете зошто трескавично се менуваа урбанистичките планови во Центар. Зошто се случуваше цела драма околу Мирослав Шиповиќ, зошто Груевски и неговиот братучед Сашо Мијалков правеле од пиритисоци врз советниците во општина Центар и обиди за купување, зошто поништувал гласање и што значи таа реченица „има уште некои работи да завршат во Центар“, рече Заев.

- Advertisements -

Тој посочи на урбанистичките планови за Водно.

Рече дека денешните аудио снимки ќе ја покажат нечесноста на Груевски, како и кој стои зад офшор компаниите кои ги купуваат парцелите.

– Се било за задоволување на мегаломанските интереси на Никола Груевски, не биле доволни четирите стана. Сигурно се сеќавате дека низа скандали беа направени за носење урабнистички планови Тасино Чешмиче 1 и Капиштец – Водно. Станува збор за едве атрактивни локации на кои удрил око Никола Груевски и дошол до нив. Тоа земјиште денеска вреди 5 милиони евра. Земјиште за спортска намена се менува во домување со посебен режим – рече Заев.

На прес-конференцијата се презентираат главно разговори на Груевски со министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

 

Поврзани новости