Бутарис го покани Заев на заедничка прослава на Нова Година во Солун

by Fokus

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, кој е во посета на Скопје во рамки на процесот на градење мерки на доверба меѓу двете земји и за време.

– Како градоначалник не би навлегувал во политички прашања, но сепак соработката меѓу градоначалници, како претставници на локалните власти е мошне важна за натамошната соработка на двете земји и и нивните граѓани – рече солунскиот градоначалник.

Тој го покани Заев во приватна посета на Солун на новогодишната ноќ и истакна дека ќе се залага следната средба на премиерите на двете земји да се одржи токму во Солун.

Заев истакна дека со задоволство ќе ја прифати иницијативата да ја пречека новогодишната ноќ во Солун.

Солунскиот градоначалник посочи дека тој секогаш проблемите ги решава од темелите, па нагоре, нагласувајќи оти зајакнувањето на соработката на властите на локално ниво ќе придонесе и за отворање на процесите за решавање на сите останати прашања меѓу двете земји.

Поврзани новости