Жители ги избркаа багерите кои дојдоа да градат зграда во паркот на Букурешка

by fokus

Жители на улицата Букурешка утрово не им дозволија на багерите и камионите да почнат со копање на темели за изградба на петктница на местото на сегашниот парк. Граѓаните ги избркаа работниците и нивната механизација.

Тие им рекле на работниците дека доколку почнат со работа, ќе легнат пред багерите. Жителите се револтирани што сакаат да ги фатат на препад и да почнат со градбата додека тие се по одмори.

За заштита на паркот граѓаните организираа неколку протести и го изразија незадоволството да никне зграда на местото на зеленилото. И покрај се, општина Карпош го донесе планот со кој се дава одобрение за изградба на зградата.

Поврзани новости