Итна собраниска седница за поплавите во недела

by fokus

Од Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, соопштија дека тој во договор со координаторите на пратеничките групи, одлучил да закаже посебна седница на Собранието посветена на состојбата во поплавените подрачја, за 14 август 2016 година, односно во недела.

До тогаш, како што се наведува во соопштението, се очекува Владата на Република Македонија да изготви информација со која ќе го извести Собранието за состојбата и за преземените мерки во насока на санирање на последиците.

Поврзани новости