Жена од Пенсилванија намерно кашлала врз храната во супермаркет

by fokus

Жена намерно кашлала врз храна во продавница во американската сојузна држава Пенсилванија, па ќе се соочи со кривична пријава, соопшти полицијата.

Жената влегла во продавница на синџирот Герити-супермаркет во градот Хановер Тауншип и почнала да кашла врз пекарските производи, месо и друга храна, напиша на Фејсбук Џо Фасула, еден од сопствениците.

Вработените потоа ја тргнале стоката од полиците и ги дезинфицираа местата на коишто жената кашлала. Производите се проценуваат на околу 35.000 долари.

Жената е приведена. Засега се испитува нејзиното физичко, но и психичко здравје. Сѐ уште не е поведена постапка против неа.

Американското Министерство за правда претходно соопшти дека луѓе кои намерно ќе го шират новиот коронавирус, може да бидат обвинети за теоризам.

Поврзани новости