Вчерашниот ден бил најсмртоносен, од корона вирусот починале 2.500 пациенти

by fokus

Бројот на заразени лица со корона вирусот во 202 држави и територии ширум светот ја надмина границата од 500.000. Истовремено, САД го презедоа првото место од Кина по бројот на евидентирани случаи.

Во светот досега се регистрирани 560.000 инфицирани лица од кои над 60.000 во последните 24 часа. Вкупниот број, пак, на смртни случаи, со забележаните 2.500 во вкупно 59 држави во последното деноноќие, достигна 24.000, објави агенцијата „Ројтерс“ претпладнево.

Тоа го прави вчерашниот ден најсмртоносен по прогласување на пандемијата на Ковид-19, со Италија и Шпанија кои бележеа и по 700 починати.

Поврзани новости