Засега нема да се воведе ПЦР тест за граѓаните кои транзитираат низ земјава

by fokus

Комисијата за заразни болести смета дека во моментот не е потребно странците кои транзитираат низ земјава да покажат негативен тест, туку дека е доволно тоа што  потпишуваат изјава дека за три часа ќе ја напуштат државава. На тој начин, велат дека патниците не претставуваат опасност за ширење на корона вирусот во нашата земја.

„Беше разгледана и информацијата за воведување на PCR тестови за граѓаните од ризичните земји кои транзитираат низ нашата земја, засега Комисијата продолжува будно да ја следи ситуацијата и доколку се утврди дека има потреба, не се исклучени дополнителни мерки. Со постојните мерки, граѓаните кои транзитираат низ земјава потпишуваат изјава дека за 3 часа ќе ја напуштат земјата и не претставуваат опасност за ширење на коронавирусот во нашата земја“, стои во соопштението на Комисијата за заразни болести.

Поврзани новости