Запленети 17.000 лажни тестови за Ковид-19 во десетици земји

by Frosina Fakova

Полицијата заплени 17.000 лажни комплети за тестирање за Ковид-19, кои биле пронајдени во операции против шверц на нелегална храна и пијалаци во десетици земји, соопшти денеска Интерпол.

Полицијата запленила фалсификувани или нестандардни производи во вредност од 34,5 милиони евра во 77 земји и уапсила 407 лица во операција која траела од декември 2019 до јуни 2020 година.

Запленети се илјадници фалсификувани медицински производи, во време кога земјите ширум светот побрзаа да се снабдат со медицински материјал поради блокадата воведена за да се спречи ширењето на коронавирусот.

– Додека земјите ширум светот продолжуваат со напорите да го контролираат Ковид-19, криминалните мрежи кои ги дистрибуираат овие потенцијално опасни производи само ја покажуваат својата решеност само да заработат, изјави генералниот секретар на Интерпол, Јирген Шток.

Покрај лажните тестови за Ковид-19, во акциите биле пронајдени средства за дезинфекција, па дури и пратка морска храна во Јужна Африка со потекло од Азија, која била лажно декларирана како лична заштитна опрема.

– Другите нелегални производи што се пронајдени вклучуваат козметика, чевли, облека, торби, делови за автомобили, електроника, тутун и лекови, во вредност од околу 3,1 милиони долари, соопшти Интерпол.

Поврзани новости