Заев: Го подготвувам експозето, утре во Собрание очекувам плодна дебата

by Frosina Fakova

На утрешната собраниска седница за избор на нова Влада мандатарот Зоран Заев очекува плодна дебата.

-Секогаш македонскиот Парламент имал плодна дебата за избор на Владата. Подготвувам експозе, половина од денешниот ден ќе го искористам да го дозавршам експозето со сите детали од владината програма која што е доставена, по што ќе испратам охрабрувачка порака до целиот наш народ, да ја пребродиме кризата, но и да се зафатиме со работа. Верувам во оваа земја, во овој наш народ дека ќе има подобра живеачка за сите, и дека ќе успееме, затоа прво одевме решавајки ги меѓународните прашања, чекор по чекор ја кревавме економијата и верувам придобивките ќе ги осетат сите, изјави Заев.

Поврзани новости