Тепачки во манастирскиот комплекс во Лешок, две лица приведени и полицајци повредени

by Frosina Fakova

Две приведени лица и повредени полицајци е епилогот од тепачките што се случувале синоќа еден час по полноќ во манастирскиот комплекс во село Лешок.

Прво се степале седумнаесетгодишник од Тетово, од една страна и уште едно лице од друга страна. По кратко време пак се степале, од една страна седумнаесетгодишникот и уште едно лице и други две непознати лица од друга страна.

При интервенцијата со повреди се здобиле и полициски службеници од Полициското одделение Теарце. Приведени се две лица С.Д.(20) и 17 годишник, и двајцата од Тетово.

За настанот бил известен Јавен обвинител. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости