За печење палачинки на Јадранот, газдата нуди 1.300 евра плата

by Fokus

Побарувачката за привремена работна сила стана сериозен проблем во Хрватска па така домашните газди во паника почнаа да бараат персонал за ова лето.

За сезонски работни места, како оние во угостителството или хотелиерството, нудат дури и плати во „докторски ранг“. Работодавецот бара човек за печење палачинки, а платата е – 10.000 куни или околу 1.300 евра, пишува Слободна Далмација.

„Барам работник за работа во сезона (печење и продавање палачинки) на плажа Строжанац-Подстрана. Одлични услови, плата 10.000 куни“, пишува на огласот на кој е наведен телефонскиот број на лицето со кое треба да се обратите ако ја сакате оваа работа.

Поврзани новости