Вучиќ бара враќање на смртната казна, владата го одби

by Fokus

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска повторно се обрати до јавноста и најави нови мерки за контрола на оружјето и истакна дека тоа ќе биде речиси целосно разоружување на Србија, без разлика на тоа со кој ќе се замери поради тоа. Но, откри и дека побарал смртна казна.

„Утринава ѝ предложив на премиерката да ја вратиме смртната казна, но таа и владата се против, бидејќи ќе бидеме единствените во Европа, заедно со Белорусија, кои имаат смртна казна. И претпоставувам дека според некои прописи не го смееме тоа.

И јас некогаш бев против смртната казна, но горко се каам затоа што имав таков став“, рече Вучиќ, кој неколкупати во текот на обраќањето ги нарече убијците монструми и им порача дека никогаш повторно нема да ја видат светлината на денот. „Нема да излезат од затвор“, додаде тој.

Во Србија максималната казна за тешко убиство според сегашните прописи е 40 години затвор.

Поврзани новости