„Бехтел и Енка“ е штетен договор, за кој ќе платиме 300 милиони евра досега, вели Кочоска

by Fokus

„Злоупотребата која оваа власт ја прави во континуитет и не запира, а од друга страна народот веќе е свесен и го знае тоа. Кога го зборувам ова мислам точно на договорот со „Бехтел и Енка“ договор кој е повеќе од јасно дека е многу штетен и договор кој го кријат токму заради тоа што има внатре многу корупција и криминал.

Тој е договор кој е заснован пред се на непостоечки закони. Закони кои сега влегуваат во Собранието и им ставија не случајно Европско знаменце затоа што тој им е единствениот начин да ја избегнат јавноста, тоа е единствен начин да ги скријат работите и да нема јавна дебата“, истакна потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Димитриеска Кочоска при теренската активност на ВМРО-ДПМНЕ насловена „Ова е Македонија за сите“ во селата Ротинце и Копанци во Тетово.

Димитриеска Кочоска истакна дека народот е свесен и го знае тоа. Жално е што упорно власта пробува да го протурка овој договор кој носи огромна штета на Македонија и за кој ќе платиме 300 милиони евра до сега.

Таа додаде дека во исто време имаме една од највисоките стапки на инфлација во Европа, како и дека нема никаква работа, нема инвестиции, нема учебници, нема здравство, нема образование.

Поврзани новости