Во Србија регистрирани нови 74 заболени од корона вирусот

by fokus

Во Србија денеска се регистрирани нови 74 позитивни случаи на корона вирусот, од тестирани 3.124 лица.

Со тоа вкупниот број на потврдени случаи на Ковид-19 во земјата порасна на 11.741, хоспитализирани се 390 лица, додека на респиратор моментално се 12 пациенти.

Во последните 24 часа почина едно лице од последиците на коронавирусот, со што вкупниот број на жртви се искачи на 248.

Вкупниот број на тестирани лица е 269.185, а досега излечени се вкупно 11.056 луѓе.

Поврзани новости