ВИДЕО: Протест пред Белата куќа во Вашингтон против полициската бруталност

by fokus

Поголема група на незадоволни граѓани се собираат на мирен протест пред Белата куќа во Вашингтон. Речиси десетина дена низ градовите во САД се протестира против полициското самоволие и насилството на полициските службеници. Револтот на граѓаните е поради убиството на афро-американецот Џорџ Флојд од страна на полициски службеник.

Граѓанските протести што се проширија низ САД во десетици градови, не се само против дискриминацијата врз основа на боја на кожата, туку се поттикнати и од економските и социјални проблеми во земјата.

Гласот го креваат луѓето од маргините на општественото живеење, од сите етнички групи, кои настрадале од полициското самоволие, и кои бараат правда и достоен животен стандард.

Поврзани новости