Во поддршката за членство во ЕУ предничат Косоварите, па Албанците и Македонците со 59 отсто

by Fokus

Генералната секретарка на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу во своето обраќање на конгрес во Виена зборуваше за приликите на Балканот, Европската унија и нејзините југоисточни соседи. Таа нагласи дека Европа е состојба на умот.

Брегу потсети дека во моментот најголеми оптимисти за членство во ЕУ се Косоварите, дури 84 отсто, потоа Албанците со еден процент помалку, односно 83 отсто, па се Македонците и Црногорците со 59 отсто, додека во Босна и Херцеговина само 45 отсто од луѓето веруваат дека зачленувањето во Европската Унија е добра работа.

 

Поврзани новости