Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 786.957 лицa заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 37.843, а оздравеле 165.932 луѓе.
– САД со 164.266 се држава со најголем број заразени со Ковид-19, од кои 170 починале.
– Во Италија регистрирани се 101.739 лица позитивни на новиот корнавирус, од кои 11.591 починале, а 14.620 оздравеле.
– Во Шпанија има 87.956 заразени со Ковид-19, од кои 7.716 починале, а оздравеле 16.780 луѓе.
– Кина пријави 48 новозаразени со Ковид-19 во последните 24 часа и петмина починати. Кинеската Национална здравствена комисија соопшти дека сите новоинфицирани се лица кои се вратиле од странство.
– Во Германија 650 починаа од корона вирусот, а 13.500 оздравеа.
– Во Франција 3.024 починале, а оздравеле 7.927 луѓе.
– Во Иран и понатаму расте бројот на заразени со новиот коронавирус, каде се регистиорани 41.495 пациенти, од кои 2.757 починале, а 13.911 оздравеле.
– Во Велика Британија заразени се 22.141 луѓе од кои 135 оздравеле, а починале 1.408.
– Во Босна и Херцегвина регистрирани се 11 нови случаи со Ковид-19, со што вкупниот број изнесува 379, од кои 10 починале, а 17 оздравеле.
– Во Хрватска се заразени 790 лица, од кои починаа шестмина, а 67 се оздравени. Хрватските власти соопштија дека има над 800 полициски пријави за кршење на мерките за самоизолација, од кои повеќе од 600 се процесирани и се наплатени околу 130.000 куни (околу 17.000 евра).
– Србија има 785 лица заразени со Ковид-19, од кои 16 починати и 42 оздравени лица.
– Во Словенија вкупно 756 луѓе се заразени со новиот коронавирус, од кои 11 починаа, а десетмина оздравеле.
– Во Црна Гора има 105 луѓе инфицирани со новиот коронавирус и еден смртен случај.
– Во Бугарија во последните 24 часа пријавени се 20 нови случаи, со што бројот на заболени од Ковид-19 се искачи на 379, од кои осуммина починаа.
– Австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс најави казна затвор од шест месеци за лицата кои ќе го прекршат карантинот. Во Австралија регистирирани се 4.557 луѓе со новиот коронавирус, од кои 19 починале, а оздравеле 337 луѓе.