Фетаи побара на Аљими и Гури да им бидат одземени пасошите и да добијат забрана да го напуштат градот во кој живеат

by fokus 10:16
10:16

Обвинителката Фатиме Фетаи по објавата на пресудата за случајот „Титаник 3“, со која Ејуп Аљими и Исмет Гури се осудени на казна затвор од три години и шест месеци, побара на осудените да им се изречат мерки на претпазливост.

-Околноста дека истите се осудени на ефективни казни затвор ја зголемува опасноста од бегство, па затоа предлагам да бидат изречени мерки на претпазливост, односно мерка забрана за напуштање на живеалиштето и одземање на патната исправа, рече обвинителката Фетаи.

- Advertisements -

Таа рече дека размислувала и за предлагање и на други мерки, како редовно јавување во судот, но како што појасни, во овој момент, не било во ред, за да не се доведе во ризик здравјето на граѓаните.

Адвокатите пак се спротивставија на ваквото барање, порачувајќи дека не се потребни вакви мерки.

 

Поврзани новости