Во Албанија 12-та жртва од корона вирусот

by fokus

Албанското Министерство за здравство и социјална заштита доцна синоќа соопшти дека од „Ковид-19“ починала 82-годишна жена од Тирана, со што бројот на почнатите од овој опасен врус се зголеми на 12 лица.

„Паценката Л.М. (82) пред пет дена беше хоспитализирана во Инфективната клиника во Тирана, а состојбата пред два дена и се влоши, па и покрај напорите на лекарите не успеа да преживее. Таа боледуваше и од бронхијална астма, хипетензија и подагра (ревматисмална болест), стои во соопштението на министерството.

Министерството за здравство и социјална заштита изразува длабоко сочувство до семејството на починатата и апелира граѓаните ригорозно да ги почитуваат мерките за социјална дистанца и изолација, бидејќи „тие се одлучувачки во спречувањето на ширењето на Ковид-19“.

Со вчера соопштените официјални податоци, во земјата има вкупно 223 заразени со Ковид-19, од нив 12 починати, а 44 излекувани. Во Инфективната клиника се над 70 пациенти, од нив седум се на интензивна нега, од кои неколку интубирани.

Поврзани новости