Денеска пресуда за функционерите на ДУИ, Аљими и Гури, обвинети во “Титаник 3”

by fokus 07:53
07:53

Денеска, во Кривичиот суд, треба да биде објавена пресуда за случајот “Титаник 3” во кој обвинети се пратеникот Ејуп Аљими и Исмет Гури од ДУИ.

Обвинението за овој предмет го покрена СЈО, а обвинетит се товарат дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал.

- Advertisements -

Обвинителите Фатиме Фртаи и Гаврил Бубевски во завршите зборови побараа затворски казни за обвинетите функционери од ДУИ. Според нив, од изјавите на сведоците, но и материјалните докази се утврдило дека преправале 13 записници и со тоа не се отсликала волјата на гласачите за градоначалник на општина Чаир.

-Не успеаја ниту да ги оспорат дејствијата кои им се ставаат на товар со обвинението, како нивна прва интенција или кратко кажано (алиби), ниту пак да ги побијат доказите кои ги теретеа при поднесување на обвинителниот акт, и кои сега, изведени на судските рочишта, добиваат судски печат и ја формираат фактичката состојба од која единствен резултат е осудителна пресуда за двајцата обвинети, стои во завршниот збор на обвинителство.

Доскорашниот пратеник од ДУИ, Ејуп Аљими во текот на судскиот процес тврдеше дека тогаш не бил функционер од партијата на Али Ахмети и не присуствувал на клучното гласачко место. Но, обвинителството го тврди спротивното.

Аљими и Гури и во завршниот збор се изјаснија за невини, а нивната одбрана ги спори доказите и бара ослободителна пресуда.

Поврзани новости