ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ единствено успеа да ги наполни институциите со кадри на Сорос

by Фокус

Владата на СДСМ треба да почне да работи и да ги исполнува ветувањата што им ги даде на граѓаните, бидејќи за овие месец дена единствено што и успева е полнење на државните институции со членови на СДСМ и некомпетентни и неискусни кадри на Сорос,соопштија од ВМРО-ДПНМНЕ.

„Владата на СДС си поигрува и ги потценува граѓаните наместо да работи на исполнување на ветувањата. СДС ветуваше раст на економијата од 5 до 7 отсто на годишно ниво, но владата на Зоран Заев сега смета дека може да оствари раст од само 2,2% или 0,8 отсто процентни поени помалку од растот што го проектираше ВМРО-ДПМНЕ. Тоа се цели 25 отсто помалку. За да се оствари растот треба работа, визија и знаење, а не блокади, укинувања и најави за уривање“, се наведува во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости