ВМРО-ДПМНЕ: Наместо за бегалците парите да се искористат за сопствените граѓани

by fokus

Партијата ВМРО-ДПМНЕ бара од Владата да ја повлече Стратегијата за мигрантите кои на долг рок во период од десет години предвидува нивно третирање на територијата на Република Македонија. Според партијата ваквата стратегија ќе ја доведе во  прашање  демографската, економската и безбедносната состојба на земјата. Предвидуваат дека на овој начин во Македонија ќе се вдомат околу 150.000 мигранти.

„Кои се гаранциите дека нема да се загрози безбедноста на сограѓаните, нивните работни места, дека нема да се зголемат даноците и останатите давачки и сето тоа на сметка на наметната од надвор обврска да во предворјето на Европската Унија се задржат мигрантите кои ЕУ не сака да ги прими?“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму велат дека граѓаните  на  Македонија  треба  секогаш  да  имаат  приоритет  во вработувањето, домувањето и социјалната заштита.

„Ве прашуваме дали во Прилеп треба да се градат    14  згради  за  мигранти  и  бегалци  од  Сирија,  Авганистан,  Судан  и  Сомалија?  Бараме Владата  на  СДСМ  да  ја  повлечи  оваа  несериозна  стратегија  која  економски  ќе  ја  крахира нашата  држава  и  да  ги  пренамени  средствата  во  Прилеп  за  граѓаните  на  Прилеп.  Да  им помогне  на  младите  брачни  двојки,  социјално  ранливите  и  семејствата  без  решено  станбено прашање. Да отвори дополнителни места во градинките за дечињата од Прилеп и да помогне во отворањето на нови работни места“, додаваат од таму.

Поврзани новости