СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ го наполнија и програмскиот совет на МРТ

by Фокус

Власта на Никола Груевски ја засили контролата врз и така партизираниот јавен сервис, Македонската телевизија. Во Програмскиот совет на МРТВ мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ во Парламентот постави исклучиво партиски членови. Со вакви обвинувања на сметка на владејачката партија денеска излегоа од опозицискиот СДСМ.

– Член на Програмскиот совет на МРТВ е поранешната пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и претседателка на Унијата на жени, Косана Николиќ Мазнева. Инаку, дипломиран биолог.Член на Програмскиот совет на МРТВ е и поранешната пратеничка и кандидатка за градоначалничка на Карпош од ВМРО-ДПМНЕ, Јагнула Куновска.Член на Програмскиот совет на Македонската радио телевизија е и Златко Јанковски, вработен во Кабинетот на заменик претседателот на Владата за европски прашања – тврди пратеникот Горан Сугарески.

Според него, во последниот извештај за Македонија,  Европската комисија констатирала дека однесувањето на МРТВ резултира со недостаток на вистинско независно известување и недостаток од точни и објективни информации за граѓаните.

– Нотирано е дека јавниот радиодифузен сервис нецелосно ја одигрува својата улога во обезбедувањето избалансирана и информативна медиумска содржина. Политичката пристрасност на МРТВ за власта е забележана и во извештаите на ОБСЕ/ОДИХР за изборите.По налог на власта, МРТВ противзаконски и спротивно на елементарните новинарски стандарди, ги игнорира активностите, настапите и ставовите на опозицијата, на општествената јавност, критичката мисла и невладиниот сектор што не е под контрола на власта на Груевски  – истакна Сугарески.

 

 

 

 

 

 

Поврзани новости