СДСМ ги обвинува за пропусти АРМ и МВР во врска со тројното убиство на војник во Злетово

by Фокус

Опозицискиот СДСМ објави информации кои упатуваат на пропусти во функционирањето на АРМ, како и во меѓусебната информираност на релација АРМ – МВР, во случајот на тројното убиство на професионален војник во Злетово, кој потоа се самоуби.

-Како се случило војник возач да биде поставен на стража, ако се има предвид дека овие припадници на Армијата не вршат стражарска должност? Дали првото пријавување дека војникот убиец го напуштил стражарското место со автоматска пушка и две рамки со муниција, било во 5.27 минути, цели час и половина пред војникот да го изврши тројното убиство? Дали и покрај тоа не биле преземени веднаш мерки за негово пронаоѓање, туку се контактирало со војникот по мобилен телефон во 06.06 минути, па во 06.39 минути и се чекало тој да се врати? Кој и зошто го толерирал ваквото недозволиво однесување на војникот убиец, посебно што во касарната се знаела неговата емотивната состојба поради приватните проблеми, за што бил и пријавуван од семејството за физичко насилство? Дали самиот војник убиец се јавил околу 07.00 часот кај колегата стражар за да соопшти дека убил тројца и да не го бараат повеќе? – праша Максим Димитроевски, претседател на Комисијата за правда на СДСМ.

Поврзани новости