Одбрана негира дека имало пропусти во истрагата за тројното убиство што го изврши војник

by Фокус

Сите пропишани стандардни оперативни процедури и правила се доследно испочитувани, реагираат Министерството за одбрана кон тврдењата на СДСМ дека имало пропусти во случајот на неодамнешното тројно убиство на професионален војник во Злетово.

„МО и АРМ исклучително сериозно му пристапија на трагичниот настан кој претставуваше шок за цела Македонија. Министерот за одбрана презеде дополнителни мерки и веднаш по трагичниот настан издаде налог за формирање на Комисија за испитување на комплетниот случај – почитувањето на правилата и прописите во АРМ и севкупните околности во однос на случајот“, стои во соопштението.

Во него уште се додава дека Министерството и Армијата даваат целосна поддршка на напорите на Владата за ревидирање на Законските одредби во кои се опфатени повеќе институции, во делот на употреба на огненото оружје.

Поврзани новости