Македонија ќе игра на Светско – пулените на Кире Лазаров подобри од Фарски Острови

by Fokus

Македонските ракометни репрезентативци со огромна победа над Фарски Острови од 34-26 (19-15) ја анулираа негативата од Торшавн и се пласираа на Светското првенство следната година.

Со перфектна игра во преполниот „Борис Трајковски“ паднаа Фараните за продолжување на континуитетот на големите собири.

Жарко Пешевски на линијата за шест и имаше „осум од осум“, Филип Кузмановски даде седум гола, шест постигна Марко Митев, а пет на Мартин Серафимов.

Иако голманите немаа свој ден, Митревски фати четири топки, две во клучен момент од мечот.

Кај селекцијата на Фарските Острови Скипаготу постигна 8 гола.

За македонската селекција ова е седмо учество на светските првенства.

Поврзани новости