ВМРО-ДПМНЕ и Демократски сојуз во судир

by Fokus
Демократскиот сојуз денеска остро одговори на нападите на ВМРО-ДПМНЕ за наводно беззаконие во „градски паркинг“ во Скопје, велејќи дека тие преминале во вистинско бунило на Христијан Мицкоски. Според ДС, Мицкоски бил е очаен во намерата да најде виновник зошто не му успеа уривањето на власта преку ново парламентарно мнозинство.

Во соопштението на ДС се вели: „Факт е дека кадар на Демократскиот сојуз, Борче Јакимовски, раководеше со јавното претпријатие ‘Градски паркинг’. Факт е дека претпријатието, не само што нема никакви финансиски дубиози, туку секоја година остваруваше добивка, а реализирани се и значајни инвестиции за унапредување на паркирањето во градот.

„Портпаролот Стоилковски, иако божем новинар, не се ни обидел да провери дали има елементарна врска со вистината тоа што му го сервира да го чита на прес-конференциите нереализираниот разузнавач, актуелен директор на ‘Градски паркинг’, Бојан Христовски. Но таквото послушништво и измислиците се дел од психолошкиот профил на ВМРО-ДПМНЕ, партија која не може да го смени карактерот и продолжува да води хајки против своите политички противници со безочни лаги, дрски измислици, денунцирање и подметнување“, продолжува понатаму во соопштението.

Претходно, ВМРО-ДПМНЕ го обвини Демократски сојуз и неговиот лидер Павле Трајанов дека бил приврзок на СДСМ. Тие денеска пак зборуваа за работењето на „Градски паркинг“ во Скопје, чиј директор беше кадар на ДС.

„Приврзокот на власта, Павле Трајанов, очигледно својата верност на СДСМ ја наплатувал со самоволие во ЈП ‘Градски паркинг’, каде се вработувани партиски функционери на Демократскиот сојуз, нивни роднини, кумашини, блиски, каде на располагање им биле оставени канцеларии, службени мобилни, службени автомобили, да функционираат како клон на партиското седиште. Притоа да имаат комоција да тргуваат со влијание, со години да нудат и обезбедуваат бесплатен паркинг во Скопје“, рече портпаролот на партијата Наум Стоилковски.

Поврзани новости