Владиката Партениј ги благословил музичарите кои ја снимија Божиќната серенада

by Fokus

Музичарите Димитар Андоновски, Никола Перевски – Пере од Нокаут, Стефан Филиповски од Некст Тајм и Лозано ја промовираа Божиќната серенада, а сите учесници во проектот добиле благослов од Бигорскиот манастир и од Владиката Партениј.

Станува збор за шеста по ред возобновена Божикна каланда, во себе го носи специфичниот византиски богат мелос. Возрасните коледари одат од куќа до куќа и ја пеат не само за Бадник, туку и низ целиот седумдневен празничен период, заклучно со Св.Василиј и Нова Година.

Тие весело ги повикуваат домаќините да одат во Црква, таму да го прослават Раѓањето Христово и потоа да го понесат големиот благослов дома. Спотот за серенадата е снимен во Битола, а како актери се појавуваат Никола Стефанов, Благица Пупуноска, Ања Сливоски, Соња Михајлова и Митко С. Апостоловски.

Инструменталисти се Страшо Темков – флејта, Петар Христов – кларинет, Александар Тасевски – фагот, Иван Еминовиќ – клавијатури, Весна Станоевска Миќиќ – харфа, Тимко Чичаковски – канон, Антоние Весковски – перкусии, Владимир Цветковски – виолина, Гоце Вангеловски – виолина, Владимир Димовски – виола, Кирил Јосифов – виолончело и Митко Иванов – контрабас.

Вики Клинчарова

Поврзани новости