Владата одлучува дали ќе се зголеми полицискиот час за време на викендот

by fokus

Владата на денешната седница, која е сè уште во тек, дискутира по предлогот како да се организира полицискиот час и движењето од петок до понеделник. Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција рече дека наскоро ќе се знае одлуката на Владата.

Министерот посочи дека се разгледуваат две опции, од кои едната предвидува продолжување на полицискиот час, а другата, како што рече, е уште поригорозна, но не кажа детали и најави дека одлуката дополнително ќе биде соопштена.

Министерот посочи дека во изминатите 24 часа се регистрирани нови 29 случаи на зболени од Ковид-19, а за жал регистрирана е и третата жртва. Станува збор за 66-годишната жена од Дебар која неколку дена беше на респираторна машина.

Поврзани новости