Владата денеска ќе одлучува за продолжување на мерката за субвенции на плата

by Fokus

Владината мерка 14.500 што важеше за април и мај постои можност да важи и за јуни по истите критериуми. Предлог-уредбата е на дневен ред на денешната владина седница, најави министерката за финансии Нина Ангеловска на денешната прес-конференција.

„Случувањата, анализите и очекувањата ни даваат за право и  простор  да цениме дека постои можност за продолжување  на мерката за уште еден дополнителен месец, односно да важи и за јуни по истите критериуми. Денеска Генералниот секретаријат ќе предложи  предлог – уредба до Владата за  која ќе се одлучува на денешната седница“, рече Ангеловска.

Според податоците на Министерството за финансии, за првиот месец од воведување на мерката исплатени се околу 30 милиони евра, за вториот месец ќе биде нешто под 30 милиони, бидејќи аплицирале 1 000 компании помалку, додека 18 000 се преклопуваат во првиот и вториот месец, а има и 2 500 нови компании кои аплицирале за поддршка само за вториот месец.

 

Поврзани новости