ВИДЕО Се урна хотел во Кина, каде биле сместени потенцијални заразени со коронавирусот

by Фокус

Петкатен хотел во кинеската провинција Фуџијан, кој се користел за сместување и набљудување на луѓе кои дошле во контакт со пациенти со коронавирусот, се урнал и, според проценките, потрупал 70 лица, јавија светските агенции.

Како што соопшти Министерството за управување со вонредни состојби, најмалку 29 лица досега се спасени од остатоците од хотелот „Синсиа експрес“, а околу 150 пожарникари се вклучени во спасувачката акција.

Снимките што се споделуваат на социјалните медиуми покажуваат дека работниците во службата за итни случаи се движат меѓу урнатините и користат моќни факели за да бараат преживеани.

Поврзани новости