(ВИДЕО) Пендаровски во посета на лабораторијата на ИЈЗ: Чувајте се!

by Fokus

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја посетил лабораторијата во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) каде што се прават испитувањата за присуство на корона вирусот, соопштија од неговиот кабинет.

„Овде сум лично да ви ја искажам огромната благодарност во името на сите наши граѓани за сè што го правите. Охрабрува вашата професионалност и одговорност, посветеноста и смиреноста со која секојдневно ги извршувате вашите обврски. Ви порачувам да се чувате, секој поединечно, и како тим и како семејство“, им рекол претседателот на вработените.

Поврзани новости