(ВИДЕО) Меси со деби од соништата во САД

by fokus

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Лионел Меси ноќеска дебитираше за својот нов тим, Интер Мајами од САД. И дебито не можеше да биде подобро, затоа што го реши натпреварот со прекрасен гол од слободен удар во 94-тата минута.

Натпреварот беше во рамки на Лига купот во кој играат екипи од Северна и Централна Америка против мексиканскиот тим Круз Азул. Меси влезе во игра во 54. минута заедно со Бускетс.

Интер Мајами поведе со голот на Тејлор во 44. минута, додека гостите изедначија во 65. минута преку Антуна.

 

Поврзани новости