583
Индискиот премиер Нарендра Моди кој се наоѓа во самоизолација, објавува видеа со совети за јога за со кои сака да го одржи позитивниот дух на народот.
Моди досега објави анимирани видео снимки под наслов „Јога со Моди“.
„Јас не сум ниту фитнес стручњак, ниту медицински стручњак. Практично јогата е дел од мојот живот веќе многу години наназад и тоа го сметам за многу корисно. Верувам дека и вие имате свои начини да останете во форма, па затоа ве повикувам да ги споделите со другите“, вели индискиот премиер.
Неговото неделно обраќање беше прво појавување во јавноста откако во Индија беше воведен целосен карантин.
Во Индија досега се заразени 1.251 лице, а има и 32 смртни случаи од корона вирусот.