Курц со критика до ЕУ: Од Брисел не добивме ниту еден добар предлог за справување со корона вирусот

by fokus 08:51
08:51

Австрискиот канцелар Себастијан Курц упати критика кон Европска унија поради начинот на борба против новиот корна вирус, истакнувајќи дека Брисел немал ниту еден добар предлог за соочување со проблемот.

– Ако Брисел имаше еден добар предлог веднаш ќе го прифатевме. Наместо тоа ЕУ ја критикуваше Австрија дека ги затвора границите. Предлозите како „Ве молам држете ги гранците отворени“ во ова време не може да се сметаат за сериозни, истакна Курц за австриската државна телевизија ОРФ.

- Advertisements -

Тој нагласи дека најважно е да го заштити сопственото население.

Курц посочи дека нема алтернатива за мерките што ги понуди Владата и оти засега не гледа конкретни сигнали за намалување на ограничувањата.

– Навистина се тешки времиња пред нас. Во моментот мораме да направиме се за да не не погоди бурата така силно како Италија, наведе Курц, додавајќи дека не негира дека мерките даваат резултати, но се потребни поголеми напори.

Поврзани новости