558
Поранешниот претседател на парламентот Трајко Велјаноски, кој е актуелен пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, најави дека нема да учествува на претстојниот референдум и дека нема да поддржи уставни измени.
„Совеста не ми дозволува да излезам на референдум кој е длабоко манипулативен, а верувам дека овој став ќе преовлада и кај најголемото мнозинство граѓани на Македонија. Истовремено, доколку власта, независно од ваквата подмолност, одлучи да ја продолжи постапката во Собранието преку уставни измени за промена на уставното име, недвосмислено нема да ги поддржам истите“, напиша Велјановски на фејсбук.