Велика Британија и Шпанија: Да не се праќаат касетни бомби во Украина

by Fokus

Британскиот премиер Риши Сунак јасно стави до знаење дека Британија ја „обесхрабрува“ употребата на касетна муниција откако американскиот претседател Џозеф Бајден се согласи да испрати од контроверзните бомби во Украина.  Со ист став е и Министерството за одбрана на Шпанија, кое изјави дека касетни бомби не треба да се праќаат во Укрина.

Премиерот Сунак  посочи  дека Велика Британија е една од 123-те потписнички на конвенцијата која забранува нивна употреба.

„ Обединетото Кралство е потписник на конвенцијата која забранува производство или употреба на касетна муниција и ја обесхрабрува нивната употреба.  Ние ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина против илегалната и неиспровоцирана инвазија на Русија, но тоа го направивме со обезбедување тешки борбени тенкови и најново оружје со долг дострел и се надеваме дека сите земји ќе можат да продолжат да ја поддржуваат Украина“, изјави Сунак.

Шпанската министерка за одбрана Маргарита Роблс рече дека касетните бомби не треба да се испраќаат за да и се помогне на Украина „под никакви околности“.

„Шпанија, врз основа на цврстата посветеност што ја има со Украина, исто така има цврста посветеност дека одредени оружја и бомби не можат да бидат испорачани под никакви околности. Не за касетните бомби и „да“ за легитимната одбрана на Украина, за која разбираме дека не треба да се спроведува со касетни бомби“, изјави Роблес.

Поврзани новости