Мицкоски: Меџити да си ги собере луѓето што ги пушта по веледрогериите да бараат провизии

by Fokus

Христијан Мицкоски, претседател на опозициската ВМРО-ДМНЕ  денес од Штип го обвини министерот за здравство Фатмир Меџити, дека има пуштено луѓе да бараат провизии по фирми. Тој не кажа  имиња, ниту на поединци ниту на фирми, но кажа дека ВМРО-ДПМНЕ располага со докази.

„Јас имам еден совет до министерот за здравство. Да си ги прибере луѓето кои ги има пуштено по веледрогериите и компаниите кои соработуваат со Министерството за здравство и во негово име бараат провизија од тие веледрогерии и компании кои соработуваат со Министерството за здравство. Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ многу сериозно ќе се позанимава со овие индиции, а богами и докази со кои располагаме“, изјави Мицковски.

Мицковски оваа изјава ја даде на новинарско прашање за коментарите на министерот Меџити за набавката ан лекот „трикафта“, релативно нов и скап лек за болните од цистична фиброза.

Поврзани новости