СДСМ: Уставните амандмани за две недели јавно ќе бидат објавени, откако ќе ги разгледа Владата

by Fokus
Социјалдемократскиот сојуз соопшти дека на денешната седница на централниот одбор одлучиле во наредните две недели амандманите за измена на Уставот да бидат разгледани од Владата и јавно да бодат објавени.

„Потоа тие ќе бидат доставени до Собранието по што ќе следи и процес на дискусија согласно собраниската процедура“, соопшти СДСМ.

На седницата социјалдемократите оцениле дека скрининг процесот во рамки на преговорите со ЕУ се одвива добро и наскоро ќе финишира успешно.

„Владата предводена од СДСМ, заедно со коалициските партии останува посветена на реформите потребни за продолжување на европскиот пат на земјата и остварување на стратешката цел, членство во ЕУ. Европската интеграција на земјата треба да биде обврска на секоја политичка партија. Затоа сите релевантни парламентарни партии и сите пратеници коишто иднината на земјата ја гледаат како полноправна земја членка на ЕУ треба да ги поддржат уставните измени2, соопшти СДСМ.

Поврзани новости